26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо зафатените региони престојуваат околу 23.000 македонски државјани, нема информации за заразени...

Во зафатените региони престојуваат околу 23.000 македонски државјани, нема информации за заразени од коронавирусот

До овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од коронавирусот во Италија, соопшти Министерството за надворешни работи по информациите добиени од Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција, Италија.

Во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23.000 македонски државјани. Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-пошта [email protected].

„Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот“, велат од МНР.

Министерството препорачува зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период. Повеќе информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.

Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус во Италија и четири смртни случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП