29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадзорна расправа за користење на ИПА-фондовите

Надзорна расправа за користење на ИПА-фондовите

pic_funds

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе одржи седница. На дневен ред на седницата е надзорна расправа на тема: “Користење на фондовите од Инструментот за претпристапна помош-ИПА во Република Македонија”.

Целта на надзорната расправа е да се утврди ефикасноста на искористувањето на средствата од претпристапните фондови во Република Македонија (ИПА), нивното влијание, како и да се проценат апсорпциските капацитети на Република Македонија.

Во претпристапната фаза особено е важно земјата добро да се подготви за ефикасно користење на европските фондови. Главната причина е што процедурите кои се неопходни за да се користат овие средства се еднакви на документацијата која треба да се подготви за кофинансирање во претпристапната фаза.

Во претпристапната фаза се добиваат средства, но не се придонесува во буџетот на Унијата. Откако земјата ќе стане членка на ЕУ ќе мора задолжително да издвојува сопствени средства за буџетот на Унијата, но доколкуземјата не е подготвена да ги користи фондовите, постои опасност да не може да ги искористува достапните средства.

Дополнителна мотивација за ова треба да е и висината на достапните средства по пристапувањето.

Со воведувањето на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во 2007 година, Република Македонија, како земја-кандидат за членство во ЕУ се стекна со пристап до 622,5 милиони евра во периодот од 2007-2013.

Во овој период нашата држава се стекна со акредитација за децентрализирано управување со четири од вкупно пет ИПА компоненти. Во овој период само управувањето со Компонента 2 Прекугранична соработка се уште не е достапно на националните органи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП