28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААматерски астронаут погина во својата ракета, сакал да докаже дека Земјата е...

Аматерски астронаут погина во својата ракета, сакал да докаже дека Земјата е рамна

Мајк Хјуз, познат како „Лудиот Мајк“, погина во саботата по пад на ракета од сопствена изработка во пустината во Калифорнија, јави Би-Би-Си.

Ракета на парен погон на аматерскиот астронаут Хјус (64) се срушила веднаш по лансирањето во саботата во близина на градот Барстоу. Веднаш по лансирањето, како што се чини од видеото кое кружи на социјалните медиуми, од ракетата отпаднал безбедносниот падобран.

Хјуз бил познат по своето уверување дека Земјата е рамна. Тој се надеваше дека ќе ја докаже својата теорија со одење во вселената.

Саботното лансирање беше снимено за новото телевизиско шоу, „Homemade Astronauts“, за аматерски создавачи на ракети кио ќе се емитуваат на Science Channel, а проектот требало да се спроведе со скромен буџет.

Со помош на неговиот партнер Валд Стејкс, Хјуз се обидувал да достигне висина од 1500 метри со својата ракета што работи на пареа, пренесува Space.com.

cience Channel твитнал дека Хјуз починал „следејки го својот сон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП