9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарови и расторани затворени,откажани настани, полиците во маркетите целосно празни, италијаните се...

Барови и расторани затворени,откажани настани, полиците во маркетите целосно празни, италијаните се спремаат за епидемија(фото)

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила е мерката за строг карантин.

Продавниците, рестораните, баровите се затворени, не се служат црковни миси, откажани се карневалски прослави и спортски настани, а не работат и градинките и училиштата. Не функционира ниту јавниот превоз.

Заштитни маски веќе долго време недостасуваат во многу италијански аптеки. Еден фармацевт за „Кориере дела Сера“ изјавил дека веќе нема заштитни маски ниту за сопствена употреба.

Жителите на малиот град Касалпустерленго во Ломбардија со часови чекале во колони во супермаркетите за да купат намирници, а во многу продавници полиците биле празни.

Во Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања и Пиемонт училиштата и факултетите се затворени до 1 март. Предавања нема, но ограничено е и раборното време на кафулињата и дискотеките, кои затвораат во 18 часот попладне. По тоа, нема да им биде дозволено да ги служат гостите.

На социјалните мрежи во меѓувреме се појавија фотографии од празните полици во продавниците и купувачи со заштитни маски кои чекаат во ред за да купат неопходни намирници.

Досега во Италија од вирусот починаа четири лица, а се смета дека епидемијата во оваа земја е најголема надвор од територијата на Азија. Последна жртва е 84-годишен маж во болница во Бергамо. Засега е непознато дали тој страдал од некоја хронична болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП