19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите го преземаат приматот на пазарот со обоени дијаманти

Русите го преземаат приматот на пазарот со обоени дијаманти

Еден од најголемите руски производители на дијаманти, Alrosa, наскоро ќе го преземе водството на пазарот со обоени дијаманти, кога ќе се затвори австралискиот рудник Аргајл.

Имено, тој австралиски рудник во моментов е најголем производител на ваков вид скапоцен камен, а неговото затворање е предвидено за втората половина од оваа година затоа што, по повеќе од 30 години експлоатација, неговата понатамошна работа е економски непрофитабилна, пренесува Russia Today.

Се очекува неговото затворање да има влијание врз целата глобална индустрија на дијаманти, како и дека Русија ќе стане главен снабдувач на најскапоцени камења.

„По затворањето на рудникот Аргајл, ќе станеме најголем производител на обоени дијаманти во светот и ќе ја преземеме водечката позиција на пазарот на тие скапоцени камења“, изјави директорот на Alrosa, Павел Виникин.

Oбјасни дека неговата компанија поседува неколку производители на обоени дијаманти, како што се Severalmaz и Almazi Anabara, од кои последниот е познат по откритието на 14,83 каратниот розов дијамант со име „Душата на розата“, кој би можел да стане најскапиот руски скапоцен камен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП