26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата во пад

Цените на нафтата во пад

Цената на нафтата на светскиот пазар е во пад за повеќе од два проценти, бидејќи инвеститорите се плашат од влијанието на епидемијата на вирусот корона врз економијата, додека сите укажуваат на тоа дека водечките производители нема да го намалат дневното производство.

Во Лондон, цената на суровата нафта “брент” од Северно Море е помала за 1,32 долари, или 2,2 проценти и сега е 57,99 долари за барел.

Во Њујорк, цените на светлата сурова нафта паднала за 96 центи или 1,8 проценти, и изнесува 52,92 долари за барел.

„Со сигурност можеме да кажеме дека се врати неизвесноста околу вирусот корона“, изјави аналитичарот на пазарот од Saxo Bank, Оле Хансен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП