Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,091.31 -3.86%    BESK 5,700.00 0.56%    FERS 53,460.00 -10%    GRNT 700.00 -2.75%    KMB 5,115.79 -8.9%    MPT 43,531.49 -9.43%    MTUR 3,969.00 -9.98%    OHB 4,306.25 -9.34%    RZUS 54.00 -8.47%    STB 835.13 -0.82%    TEL 263.89 -1.53%    TNB 13,086.00 -10%    TTK 1,083.11 -9.92%    

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Време: 10:38

Датум: февруари 22, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во Италија, но и во Европа.

Во северниот регион Ломбардија се регистрирани 15 заразени со коронавирус, а два случаи има во Венето, каде што се наоѓа Падова.

Мажот кој починал имал 78 години, пренесе агенцијата „Анса“.

Градските власти во овие региони апелираа граѓаните да останат дома, додека сите јавни активности, како карневалски прослави, црковни миси и спортски настани, се забранети до една недела. Улиците во 10 градови се опустошени, а јавните објекти се затворени.

Во Касалпустерлинго, пред градското собрание е поставена електронска табла со порака: „Коронавирус: апел до населението да остане на затворено како претпазливост“.

Првиот град во кој беа затворени повеќето продавници како и јавни објекти е Кодоњо, со население од 15.000, каде што три лица се заразени со вирусот, вклучувајќи 38-годишен маж и неговата сопруга, која е осми месец бремена.

Градоначалникот на Кодоњо, Франческо Пасерини, рече дека веста за случаите предизвикала тревога низ целиот град кој се наоѓа јужно од Милано.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека сè е под контрола и истакна дека владата одржува екстремно високо ниво на претпазливост.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Мајките кои го завршуваат своето породилно отсуство од работа се соочуваат со огромен проблем, не може да го запишат своето дете во државните градинки. Вакви…

  • Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша Законот за економска помош во висина од две илјади милијарди долари, за намалување на последиците од коронавирусот во…

  • Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел изрази загриженост дека Европската унија (ЕУ) може да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против…

  • Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува…

  • Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерството за транспорт и врски преку Регулаторната комисија за домување испрати апел до сите граѓани кои живеат во колективните згради да ги дезинфицираат заедничките простории…

  • Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа. Од секторот за односи со…

  • Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

    Во САД најмногу заразени со коронавирус во светот – бројот надмина 100.000 лица

    Во САД бројот на заразени со коронавирус достигна 104.837 лица, со што ги надмина Кина и Италија и во моментов таму има најголем број заболени.…

  • Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките

    Час на планетата Земја – над 8.000 градови во 180 држави ќе ги исклучат светилките

    По повод глобалната еколошка акција, Часот на планетата Земја, нашата држава вечерва во 20:30 часот, заедно со над 8.000 градови во над 180 држави низ…

  • Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

    Во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето

    Од ноќеска во два часот по полноќ почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека…

  • Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани

    Забрана за движење за викенд од 16 до 5 часот за сите граѓани

    Забраната за движење на целата територија на државата денеска и утре ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, согласно одлуката на…