26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека земјите мора да дејствуваат брзо доколку сакаат да ја преземат контролата.

Запрашан дали епидемијата ќе се шири уште, откако во Иран и во Либан беа пријавени нови случаи и смртни случаи од КОВИД-19, генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус, рече дека тој се уште верува дека вирусот може да биде потиснат, но додаде дека можностите за тоа се намалуваат.

„Треба да дејствуваме брзо пред да останеме без шанса. Епидемијата би можела да се движи по кој било пат. Ако постапиме правилно, можеме да избегнеме посериозна криза, но ако ја пропуштиме можноста, ќе имаме сериозен проблем“, рече Тедрос, пренесува „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП