28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупните кредити на домаќинствата растат, кредитите во корпоративниот сектор бележат пад

Вкупните кредити на домаќинствата растат, кредитите во корпоративниот сектор бележат пад

Според најновите податоци на Народната банка вкупните кредити во јануари се непроменети, при намалување на кредитите на корпоративниот сектор, додека кредитите кај секторот „домаќинства“ и натаму растат.

Во споредба со истиот период од претходната година, вкупните кредити се повисоки за 6,8%, при поголем придонес на секторот „домаќинства“ (учество од 76,9%). Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните
промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во јануари е забележан раст од 8,0% на годишно ниво.

Вкупните кредити на домаќинствата, овој месец, бележат месечен и годишен раст од 0,6% и 10,6%, соодветно, при поизразен придонес на кредитирање во
денари. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и на спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јануари изнесува 11,3%.

Кредитите на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 0,7%, којшто анализирано по валутната структура во поголем дел произлегува од намаленото кредитирање во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 3,2%, под влијание на поизразениот раст на кредитирањето во странска валута (учество од 77,4%). Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јануари изнесува 5,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП