6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да бидете „во плус“

Како да бидете „во плус“

money2

Дали парите се вашиот секојдневен проблем, дали постојано размислувате на нив, дали пресметувате што треба да платите и колку ќе ве чини тоа? Тогаш може да заклучиме дека и на вас парите ви се најголема грижа.

Прочитајте ги овие корисни совети и оваа година бидете „во плус“.

Одредете колкав ви е буџетот

Најопасен начин на трошење на пари е неконтролираното користење на кредитни картички и чекање крај на месецот за да видите дека сте направиле штета. Затоа, одредете си го буџетот – колку пари точно можете да потрошите.

Штедете колку можете

Кога и да можете и колку и да можете, тргнете пари на страна. Тоа може да биде и кусурот од секојдневното пазарење. Важно е да стекнете навика за штедење, дури и да се работи за мали суми.

Фонд за „црни денови“

Нешто што нашите стари секогаш го имале – фонд за „црни денови“. Од секоја плата тргнете еден дел, кој ќе ви послужи за во хитни ситуации и непредвидени трошоци. Заборавете на овие пари, исто како да ги немате, чувајте ги во крупни банкноти и никогаш не ги раситнувајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП