18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричен Порше целосно изгоре, а никој не ја знае вистинската причина за...

Електричен Порше целосно изгоре, а никој не ја знае вистинската причина за пожарот(видео)

Минатата недела, во гаража во куќа во јужна Флорида изгоре Порше Тајкан. Покрај губиток на автомобилот, сопственикот се соочува и со оштетување на домот кој не е мал. Последиците од несреќата биле евидентирани со фотографии кои вирусно се појавија на социјалните медиуми. Исто така, постои снимка што сведочи за уништувањето на електричниот автомобил Порше Тајкан.

Од луксузното електрично возило останало прав и пепел. Рамката на автомобилот сè уште постои, но комплетниот ентериер се претворил во пепел. Снимките сведочат дека автомобилот е уништен  до непрепознавање. Пожарот скоро целосно ги стопил гумите на тркалата. Штетата на гаражата е голема, но барем може да се санира.

„Покренавме истрага и подготвени сме да помогнеме ако не повикаат. Ни олесна кога дознавме дека нема повредени. Сè уште е рано да се проценат кои биле можните причини. Чекаме да заврши истрагата“, вели портпаролот на компанијата Calvin Kim Porsche.

Пожарите во кои страдаат електричните возила не се нови за автомобилскиот свет. Се случувало на моделите на Тесла од чиста мира, а несреќата ја истражувале компанијата и федералната агенција за безбедност во САД. Резултатите од истрагата велат дека една од можните причини е дефект на батеријата на електричното возило. Додека темелно не се испита случајот со запаленото Порше, би било неодговорно да се шпекулира за можните причини, пишува Carbuzz.

Постои веројатност дека возилото не изгорело поради дефект, но сведочењето од соседите укажува дека се слушнала експлозија непосредно пред пожарот. Возилото од неодамна е во продажба и релативно малку Тајкани се наоѓаат на патиштата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП