29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочина креаторот на "copy-paste"

Почина креаторот на “copy-paste”

Пионерот во компјутерската технологија, Лери Теслер, креаторот на “cut”, “copy” и “paste”, почина на 74-годишна возраст.

Теслер започна да работи во Силиконската долина во раните 1960-ти, кога компјутерите беа недостапни за повеќето луѓе.

Благодарение на неговите иновации, персоналните компјутери станаа полесни за употреба и подостапни за корисниците.

Компанијата „Серокс“, во која Теслер поминал дел од кариерата, му оддаде почит, јави Би-Би-Си.

– Пронаоѓачот на командите “cut”, “copy”, “paste” и многу други беше поранешниот истражувач на „Серокс“, Лери Теслер. Вашиот работен ден е полесен благодарение на неговите револуционерни идеи, објавила компанијата на Твитер.

Роден во Бронкс, Њујорк во 1945 година, Теслер студирал на универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

По дипломирањето се специјализирал за дизајн на интерфејс, односно олеснување на употребата на компјутерите.

Покрај “Серокс”, тој работел 17 години во “Епл”, потоа започнал едукативен старт-ап и кратко време поминал во “Амазон” и “Јаху”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП