4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBurberry не знае за криза

Burberry не знае за криза

Fashion Met Exhibit Punk

Луксузниот британски моден бренд „Burberry“ ги задржа своите прогнози за профитот во оваа година, бидејќи во првиот квартал забележа раст на приходите од 18 проценти.

Компанијата забележа раст на приходите благодарение на силната побарувачка за колекцијата пролет/лето.

Компанијата „Burberry“, која постои веќе 157 години, соопшти дека во три месеци, заклучно со 30 јуни остварила приходи во малопродажбата од 503 милиони долари, пренсува Ројтерс.

Во продавниците е забележан раст на продажбата за 13 проценти, по осум-процентниот раст во последниот квартал од претходната фискална година.

Како што наведуваат од компанијата, продажбата на облека и кожна галантерија најмногу придонела за раст на приходите, а исто така, забележан е голем раст и во продажабата на машки модни додатоци.

„Burberry“ оствари двоцифрен раст од продажбата во азископацифичкиот регион и на американскиот континент, и голем едноцифрен раст на продажбата во Европа, Блискиот Исток, Индија и Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП