27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловачката индустрија напредува

Словачката индустрија напредува

slovachka1

Индустриското производство во Словачка, кое главно се состои од автомобилите на германските, француските и корејските компании, се зголеми за 2,6 проценти на годишно ниво.

На месечно ниво, откако ќе се пресметаат сезонските фактори, индустриското производство во мај се зголеми за 0,2 проценти, по падот од 1,9 проценти во претходниот месец, наведува словачкиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс Прес.

Словачка е членка на еврозоната и нејзината економија во голема мера е поттикната од извозот на автомобили и резервни делови во Германија, а тој дел од извозот во мај се зголеми за 3,6 проценти.

Најголем двигател на индустриското производство во мај беше растот на производството на автомобили од три проценти во фабриките во германскиот „Volkswagen“, францускиот „PSA Peugeot Citroen“ и јужнокорејската „KIA“. Овие фабрики минатата година произведоа рекордни 900.000 возила.

Аналитичарите во Братислава, сепак, не очекуваат дека производството оваа година ќе го достигне минатогодишното ниво.

Словачка, која минатата година оствари економски раст од два проценти, е една од најбрзо растечките економии во еврозоната, најголем дел благодарение на странските инвестиции во автомобилскиот сектор.

Сепак, падот на извозот во земјите погодени од рецесија и слабата домашна побарувачка влијаеа на прогнозите на аналитичарите, кои веруваат дека економскиот раст оваа година ќе изнесува 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП