
Британската компанија Jaguar Land Rover поради коронавирусот, за производство на своите автомобили, во куфери носела делови од Кина.


Британската компанија Jaguar Land Rover поради коронавирусот, за производство на своите автомобили, во куфери носела делови од Кина.
Компанијата соопшти дека и покрај напорите, набавката на делови би можела да биде целосно запрена за две недели.
„Ние сме безбедни за оваа недела, па и следната, но за третата ќе ни недостасуваат делови“, изјави директорот на групацијата, Ралф Спет, на настан во Ковентри.
Тој додаде дека со куфери летале од Кина кон Велика Британија.
JLR е најголемиот производител на автомобили во Велика Британија со три фабрики кои произведуваат скоро 400.000 возила годишно.