3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК продолжува со активностите за формирање на банкарска унија

ЕК продолжува со активностите за формирање на банкарска унија

ecb3

Европската комисија денес ќе го претстави следниот чекор во формирањето на банкарската унија и ќе изнесе предлози за решавање на проблемите со проблематичните банки.

Единствениот механизам за надзор на банките (СРМ), на кој Германија гледа со сомневање, ќе и овозможи на Комсијата да ја затвори било која банка од над 6000 европски банки, дури и ако националните влади се противат на тоа, пренесува Франс Прес.

Овој механизам се доживува како камен-темелник за основање на европската банкарска унија, заедно со банкарскиот супервизор кој е формиран под покровителство на Европската централна банка.

Целта за основање на банкарска унија е да се прекине врската меѓу презадолжените влади и банкарскиот систем, бидејќи европските земји во изминатите неколку години потрошија големи пари во обид да им помогнат на проблематичните банки, што за возврат само го зголеми товарот на долгови на земјите.

На крајот на јуни членките на Европската унија договорија заеднички пакет прописи, со кои се предвидува кредиторите да ги превземат загубите кога ќе дојде до спасување или затворање на банката.

Меѓутоа, овие прописи сеуште мора да бидат одобрени од страна на Европскиот парламент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП