Ако историјата се повтори, биткоинот би можел да забележи голем раст во наредните два месеци, вели аналитичарот на Cointelegraph, Кeјт Вареинг.
Дигиталната валута има последователен раст 50 дена по ред, што е ретка појава. Притоа, не расте само биткоинот, туку турка и други валути.
Како што истакна Вареинг, последен пат кога биткоинот растеше со ова темпо, цената порасна за 170 проценти за помалку од два месеци, на скоро 26.000 долари.
Don't be late for the party $BTC pic.twitter.com/h5G2vMnvTC
— Blackbeard (@blackbeardXBT) February 18, 2020
Во меѓувреме, оптимизмот сè уште владее меѓу крипто-инвеститорите, како Мајк Кајзер, кој штотуку ја зголеми својата цел од 100.000 долари на 400.000 долари.
„Кога вредеше доларот, видов дека биткоинот може да достигне и 100.000 долари“, изјави тој. Ја зголемувам својата официјална таргет цена за прв пат по осум години.
За време на пишувањето на текстот, биткоинот вредеше 10.148 долари.