3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлон Маск разочаран од одлуката на Бил Гејтс

Елон Маск разочаран од одлуката на Бил Гејтс

Еден автомобил вчера направи јаз помеѓу двајцата најуспешни извршни директори во САД. Поточно, Бил Гејтс купил нов премиум модел Porsche Taycan, а Елон Маск покажа огорченост поради тоа на социјалните мрежи.

Твитер како бојно поле

Во вторникот наутро, се појави твит на Елон Маск, во кој го покажа своето разочарување поради тоа што основачот на Microsoft спомнал дека купил електричен автомобил Porsche Taycan наместо Tesla. Гејтс во интервју за YouTube ги пофали електричните автомобили, и дека тоа е исклучителен сектор кој ќе помогне да се намали количината на гасови кој предизвикуваат ефект на стаклена градина. Компанијата Tesla ја издвои како една од најважните во тој процес, која ги натерала и другите да развиваат електрични автомобили.

Веднаш потоа изјави дека сепак решил да купи Porsche Taycan, премиум модел на електричен автомобил, во кој ужива, и верува дека има најдобар однос цена-квалитет. Затоа Елон Маск реагираше велејќи дека Бил Гејтс е паметен човек, но дека е разочаран од скокањето од “стол на стол”, како што тој кажа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП