4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Северина му честиташе на новиот хрватски претседател

Како Северина му честиташе на новиот хрватски претседател

Северина на својот профил на Инстаграм испрати честитка до новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ.

Честитки до новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ, доаѓаат од сите страни, откако се одржа неговата инаугурација во Загреб и откако тој официјално ја презеде функцијата, а Северина не пропушти да му честита.

Во еден пост на нејзиниот профил на Инстаграм, таа објави фотографија од инаугурацијата и напишала „За праведна Хрватска!“, го тагнала и додала емотикон чаши за здравица.

Во една прилика, пејачката јавно призна дека претседателот Милановиќ и е најзгодниот домашен политичар и, судејќи според нејзините чести коментари, нивните ставови и мислења не се многу различни.

Инаугурацијата во Загреб помина свечено и достоинствено, при што претседателот Милановиќ во тој важен момент беше со своите членови на потесното семејство, а многу внимание во јавноста привлече Јосипа Лисац, односно нејзината изведба на хрватската химна „Наша убава“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП