19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндискиот милијардер Рој во посета на Љубаништа

Индискиот милијардер Рој во посета на Љубаништа

bl23_roy_1405095f

Делегација од Индија, предводена од милијардерот Субрата Рој, денеска во Охрид ќе го посети локалитетот Љубаниште, каде, според најавите, индискиот инвеститор планира да гради туристички комплекс.

Според најавите, Рој, кој престојува во Македонија од вчера попладне, утре ќе има средби со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и со претседателот Ѓорѓе Иванов, на чија покана ќе присуствува на свеченото отворање на 53. издание на Охридско лето.

Во сабота компанијата ќе биде домаќин на голем коктел на кој меѓу другите, е најавено присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.

Милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари.

Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.

Индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП