25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Ворен Бафет секогаш плаќа во кеш?

Зошто Ворен Бафет секогаш плаќа во кеш?

Ако Ворен Бафет некогаш влезе во ваша продавница или ресторан, веројатно ќе ја плати сметката „во кеш“.

„Имам American Express картичка која ја добив во 1964 година, но плаќам во кеш во 98 проценти од случаите. Ако сум во ресторан, секогаш плаќам во готовина“, изјави Бафет.

Баш така! Ворен Бафет, еден од најбогатите луѓе во светот чие богатство вреди повеќе од 88 милијарди долари, претпочита плаќање во готовина.

Всушност, тој скоро секогаш со себе носи околу 400 долари. Како што вели, за него плаќањето во готовина е едноставно и полесно.

Сепак, Бафет е во малцинството, бидејќи секоја година се помалку и помалку луѓе плаќаат во кеш при купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП