18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото достигна најголема вредност досега во однос на еврото

Златото достигна најголема вредност досега во однос на еврото

Цената на златото денес во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото, достигнувајќи двонеделен максимум.

До тоа главно дојде бидејќи инвеститорите бараа безбедно засолниште за својот капитал, откако Apple предупреди на негативното влијание на коронавирусот врз нејзиното работење.

Производителот на iPhone предвидува дека неговите приходи ќе претрпат пад во вториот квартал, поради епидемијата на коронавирусот во Кина.

Во исто време, паднаа и индексите на Wall Street и во Европа, како и фјучерсите на нафта забележаа пад.

Просечната цена на златото изнесувала 1.597,71 долари за унца во 9:15 часот по средноевропско време, 0,75 проценти во пораст. Во однос на еврото, скокна 1,14 проценти, на 1,475,97 евра за унца. Паладиумот исто така се зголемил за 0,76 проценти и е тргуван по цена од 2.537,26 долари. Среброто скокнало за 1,22 проценти, и се продавало по 18 долари за унца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП