3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Никогаш не ја потценувајте личноста која себеси се преценува“

„Никогаш не ја потценувајте личноста која себеси се преценува“

Вредноста на компанијата Tesla е во пораст во последно време, и може да се каже дека ова е еден од најдобриот период за директорот на компанијата, Елон Маск.

Вкупната пазарна вредност на производителот на електрични автомобили е околу 140 милијарди долари, откако во јануари ја надмина границата од 100 милијарди. До раст на вредноста дојде по добрите резултати на продажба и отворањето на фабрика во Кина.

Интересно е што до ова доаѓа по многу тежок период за Маск, за време на кој многумина се сомневаа дека тој ќе успее да ги оствари производствените цели и да ја води компанијата на патот кон профитабилноста.

Чарли Мангер, милијардер и потпретседател на Berkshire Hathaway, овие денови даде интересен коментар за Маск.

„Никогаш не го потценувајте човекот кој се преценува себеси. Мислам дека Елон Маск е специфичен и дека можеби се преценува себеси, но можеби и не греши цело време“, изјави Мангер.

Интересно е што тој изјави дека не би го вработил Маск.

„Сакам некој кој ги разбира своите ограничувања, а не некој кој не ги разбира. Од друга страна, научив во животот нешто многу важно… Тие чудни момци кои се преценуваат повремено прават феноменални работи“, изјави Мангер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар