6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБезос донира десет милијарди долари за борба против климатските промени

Безос донира десет милијарди долари за борба против климатските промени

Eден од најбогатите луѓе во светот, основачот на Amazon, Џеф Безос, најави дека ќе донира десет милијарди долари за борба против климатските промени.

Безос на својот Инстаграм профил објави дека ова лето ќе започне да им дава пари на научниците, активисти и непрофитни организации кои се борат за заштита на Земјата.

„Сакам да работам заедно со другите на зајакнување на познатите и истражување на нови начини за борба против уништувачкото влијание на климатските промени“, истакна Безос.

Компанијата Amazon минатата година одлучи до 2030 година целата енергија која ја троши да ја обезбеди од соларни панели или од други обновливи извори.

Безос изјави дека во борбата против климатските промени ќе инвестира свои, а не пари на компанијата.

Иако со години е меѓу најбогатите луѓе во светот, Безос дури неодамна започна да донира пари, како што Бил Гејтс и Ворен Бафет одамна го прават. Пред две години, Безос донираше две милијарди долари за отворање на предучилишни установи во сиромашни квартови во поголемите американски градови и да им помогне на семејствата кои останале без куќа.

Безос ја основа компанијата Amazon пред 25 години, a вредноста на акциите кои сега ги поседува надминува 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП