28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот се зголеми: Минатата година била одлична за „многу богатите луѓе“

Бројот се зголеми: Минатата година била одлична за „многу богатите луѓе“

Според некои аналитички компании, меѓу „многу богати луѓе“ можеме да ги ставиме луѓето меѓу 5 и 30 милиони долари.

Колку пари е потребно за да се нарече некој богат или многу богат? Таква дефиниција, се разбира, не постои, но според некои медиуми и аналитички компании, луѓето кои тежат помеѓу 5 и 30 милиони долари можат да се наречат многу богати луѓе. Иако 5 милиони долари се навистина големи пари, се чини дека таквите луѓе повеќе припаѓаат на „обичните“ богаташи, бидејки што би рекле за оние со богатство од милијарди долари?

Сепак, според таа дефиниција, минатата година била исклучително успешна за овие „многу богати луѓе“. Според CNBC, нивниот број на глобално ниво се искачил на 2,67 милиони луѓе минатата година, што претставува зголемување од околу десет проценти од претходната година. Ова е големо зголемување, особено ако го споредиме овој процент со претходните години – на пример, зголемувањето од 2017 година до 2018 година било само околу еден процент.

Најголем број на такви богати лица минатата година имало од САД, скоро еден милион, со зголемување од скоро 16 проценти, додека Кина е втора со нешто помалку од 260.000 богаташи кои на сметките имаат меѓу 5 и 30 милиони долари. На третото место е Јапонија (186 илјади), а потоа следува Германија со скоро 130 илјади богаташи.

Ваквото големо зголемување на богатството, меѓу другото, е поврзано со состојбата на берзата, а минатата година беше добра за берзанските индекси, со големо зголемување на вредноста на акциите и следствено со тоа се зголемило богатството на лицата кои инвестирале пари во акции. Така, вредноста на „Nasdaq“ се зголемила за 35% минатата година, што е најдобар резултат во последните шест години, а и другите берзи оствариле одлични бројки.

Една од причините за тоа, истакнуваат од CNBC, е тоа што централните банки се фокусирале на „монетарни стимулативни програми“, со ниски каматни стапки за да помогнат економијата да расте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП