19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Словенија 1.133 евра

Просечната плата во Словенија 1.133 евра

Просечната плата во Словенија минатата година изнесувала 1.753,84 евра бруто или 1.133,50 евра нето, објави во понеделникот словенечката канцеларија за статистика, истакнувајќи дека платите растат во јавниот и приватниот сектор.

Просечната бруто-плата мината година е зголемена за 4,3 проценти номинално и 2,7 проценти реално во однос на претходната година, додека порастот на нето платата изнесувал номинално 3,7 проценти, а реално за 2,1 проценти.

Просечната бруто-плата во приватниот сектор се зголемил за 3,9 проценти минатата година, 5,4 проценти во јавниот сектор и 6,5 проценти во државната управа.

Надпросечниот пораст на платите во државниот сектор е директна последица на реализацијата на договорот за зголемување на платите и признатите трошоци за работa во јавниот сектор, кои минатата година го постигнаа синдикатите на јавната администрација и владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП