19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈа надминаа Турција: Италија стана втор најголем купувач на гас од Gazprom

Ја надминаа Турција: Италија стана втор најголем купувач на гас од Gazprom

Италија минатата година стана втор најголем купувач на природен гас од Gazprom, надминувајќи ја Турција, објави Bloomberg.

Германија и понатаму е најголем купувач на гас од Gazprom, и покрај тоа што руската енергетска компанија, според сопствените податоци минатата година во таа земја извезла девет проценти помалку гас отколку во 2018 година.

Инаку, извозот на руски гас во Западна Европа падна минатата година за 9,3 проценти, на 147,4 милијарди кубни метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП