Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,359.76 9.05%    GRNT 823.80 4.28%    KMB 6,095.78 6.78%    MPT 50,291.21 8.19%    MTUR 4,400.00 0%    OHB 4,300.00 -0.15%    OKTA 3,227.04 9.25%    RMDEN15 99.00 0%    RZUS 59.00 9.26%    SBT 2,381.67 8.93%    STB 940.74 2.93%    STIL 81.00 9.46%    TEL 277.40 3.19%    TKVS 4,880.00 -0.12%    TNB 14,403.00 2.96%    TTK 1,210.00 10%    

Над 60 проценти од компаниите се соочуваат со недостиг на кадар

Време: 14:42

Датум: февруари 17, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Над 60 проценти од компаниите кои ги има анкетирано Стопанската комора на Македонија се соочуваат со недостиг на работна сила. Недостига кадар од различни типови на образование и од различни професии, почнувајќи од мајстори до висококвалификувани кадри.

Причината за ваквата состојба, дел од компаниите ја гледаат во заминувањето на работоспособното население надвор од државата, а дел во несоодветното образование и неактивноста на работоспособното население.

Недостигот на кадар не е карактеристика само за еден од планските региони во државата, туку се јавува како проблем во сите плански региони.

– Од оние што бараат работа претежно тоа се лица со професии од општествените науки кои не можат да најдат работа на пазарот на труд. Затоа се тежнее кон тоа да се направи нивна преквалификација и доквалификација за да може да се вклучат во работниот процес. Исто така тоа се лица со високообразовни квалификации кои не сакаат да работат со пониско ниво на квалификации, иако платите што се нудат во компаниите се повисоки. Имате компании кои нудат плата до 30 илјади денари, но не можат да најдат кадар бидејќи работниците сметаат дека многу им е подобро да седат дома, отколку да бараат работа, рече денеска на прес-конференција Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија.

Од Комората се задоволни што во Оперативниот план за вработување за 2020 година при креирањето на мерките се земени предвид потребите на компаниите.

Директорката на Агенцијата за вработувања Билјана Јовановска се надева дека и овој Оперативен план ќе ги даде очекуваните резултати.

– Министерството за труд и социјална политика како носител на Оперативниот план најверојатно ги има вклучено сите субјекти и партнери за кои смета дека ќе дадат ефект во позитивна насока за реализација на Оперативниот план бидејќи во 2019 година имаше успешна реализација со опфат на корисници околу 9.000 невработени и над 96 проценти буџетска реализација, рече Јовановска.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Пејачката Пинк објави дека има коронавирус

    Пејачката Пинк објави дека има коронавирус

    Пејачката Пинк објави дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека се чувствува добро и дека заедно со нејзиниот тригодишен син ги почувствувале симптомите пред…

  • Најмногу снег во Крушево, најстудено во Маврово

    Најмногу снег во Крушево, најстудено во Маврово

    Највисока снежна покривка од 34 сантиметри утрово е измерена во Крушево. Следат Маврово со 16, 12 Битола, 6 Лазарополе, 5 Тополчани, 4 Ѓуриште. Како што…

  • Втор викенд со забрана за движење од 16 часот

    Втор викенд со забрана за движење од 16 часот

    Забраната за движење на населението денеска почнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро. Ова е согласно одлуката на Владата за забрана…

  • Целосна забрана за движење во Куманово

    Целосна забрана за движење во Куманово

    Од синоќа од 21 часот во Куманово е воведена забрана и посебен режим на движење на населението. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата,…

  • Зајакната координација за одржување на финансиската стабилност

    Зајакната координација за одржување на финансиската стабилност

    Финансиските регулатори ја зајакнуваат соработката во следењето на состојбите во финансискиот систем. И во околностите коишто ги наметнува корона-кризата, со максимална посветеност на секој регулатор…

  • Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

    Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

    Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време, Кина им оддаде почит на…

  • Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

    Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

    Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус, изјави претседателот Доналд Трамп, додавајќи…

  • Облачно со повремени врнежи од дожд

    Облачно со повремени врнежи од дожд

    Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе…

  • 40 граѓани од Македонија заглавени во Дубаи

    40 граѓани од Македонија заглавени во Дубаи

    Група од 40 граѓани од земјава во овој период на пандемија со недели се заглавени во Дубаи. Герупата стапи во контакт со редакцијата на Денар…

  • Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника

    Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника

    Во изминатите 24 часа два пациента починале на Клиниката за инфективни болести Регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка…