19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата се зголемија за повеќе од 3,5 проценти по петнеделниот...

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 3,5 проценти по петнеделниот пад

Цените на нафтата на светските пазари се зголемија минатата недела, прв пат по пет недели пад, како резултат на очекувањата дека ОПЕК дополнително ќе го намали производството, а побарувачка ќе закрепне кога ќе престане да се шири коронавирусот.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна на 5,2 проценти на 57,32 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 3,6 проценти, на 52,05 долари.

После пет недели пад, при што потонаа скоро 20 проценти, минатата недела цените на нафтата се зголемија, благодарение на надежите на инвеститорите дека наскоро ќе се запре ширењето на коронавирусот, од коj досега во Кина умреа повеќе од 1.770 луѓе, додека новозаразени има околу 70.500.

И додека ОПЕК веќе подолго време го намалува производството, САД и некои други земји веќе некое време го зголемуваат.

Во САД, производството на нафта се движи на рекордно ниво, а извештајот на компанијата Baker Hughes, објавен во петокот покажа дека бројот на активни постројки во САД се зголемил втора недела по ред – за две постројки, на вкупно 678.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП