18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСубрата Рој: Во Македонија сум со големи планови и амбиции

Субрата Рој: Во Македонија сум со големи планови и амбиции

subrata

Индискиот милијардер Субрата Рој,  попладнево пристигна во тридневна посета на Охрид. Сериозноста на посетата се потврдува со фактот што Рој во Македонија доаѓа во придружба на поголема група претставници на менаџментот на Сахара Индиан Паривар.

– Ја сакам оваа земја и затоа сум тука. Дојдов со голема делегација. Претстојат многу работи што треба да почнат. Работите созреваат и можам да кажам дека тука сум со големи планови и амбиции, но за се е потребно време, изјави Рој по пристигнувањето на аеродромот во Охрид.

За денеска е предвидена средба на менаџментот на индиската компанија за плановите за инвестицијата во Охридско. Дел од менаџментот во земјава пристигна од Индија, а дел од Лондон.

Според најавите во текот на утрешниот ден делегацијата од Индија предводена од Рој ќе го посети локалитетот во Љубаниште, каде е планирано градење на туристичкиот комплекс, а задутре ќе има средба со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Во текот на тридневната посета на Охрид, Субрата Рој ќе оствари средба со највисокото локално и државно раководство. В петок ќе се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов, на чија покана ќе присуствува на свеченото отворање на 53. издание на Охридско лето. Во сабота компанијата ќе биде домаќин на голем коктел на кој ќе бидат меѓу другите, најавено е присуство и на претседателот Иванов и премиерот Никола Груевски, како и министри и претставници на дипломатскиот кор.

Милијардерот Субрата Рој најави голема инвестиција во Македонија, вредна стотици милиони евра, преку изградба на суперлуксузен туристички комплекс „Сахаријан Македонија“ на локација кај автокампот „Љубаништа“, на површина од 240 хектари. Комплексот предвидува повеќе содржини, луксузен хотел на вода и апартмани од највисока класа, вили, бунгалови, марина, приватни плажи, казина и голф-терени.

Индиската компанија од локалната самоуправа побара дополнинтелни 17 хектари земјиште потребни за на сместувачки капацитети наменети за сместување на персоналот што е предвидено да го опслужува комплексот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП