28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020.

Во најава е јавен повик за Мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства.  Со таа цел, оваа недела, ќе се одржат информативни и едукативни денови во неколку места/општини низ државата за полесно спроведување и користење на ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 1.

На 18 февруари, инфо караванот ќе ги посети општините Зрновци, во Домот на културата од 11:00 часот и Македонска Каменица, исто така во Домот на културата од 15:00 часот.

Наредниот ден, 19.02. во општинската сала на општина Зелениково во 10:00 часот граѓаните ќе имаат можност да се информираат за полесно искористување на ИПАРД Програмата, а во општина Чашка средбата ќе се случува во салата во ОУ „Тодор Јанев“ од 14:00 часот.

На 20.02. инфо караванот ќе биде во општина Старо Нагоричане од 10:00 часот, а во општина Арачиново инфо средбата ќе се одржи во кафе бар „Релакс“ ов 14:00 часот.

На 21 февруари инфо ден ќе се одржи во општина Ѓорче од 10:00 часот.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани граѓани, физички лица-носители на земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, за инвестирање по ИПАРД Програмата, да ги посетат инфо деновите со цел модернизирање на сопствените земјоделски стопанства.

Во врска одржување на инфо деновите дополнителни информации и детали, заинтересираните лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk,  http://mzsv.gov.mk/http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП