19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките даваат само неискористени банкноти: Вршат дезинфекција на парите во оптек

Банките даваат само неискористени банкноти: Вршат дезинфекција на парите во оптек

Кинеските власти преземаат обемни мерки во борбата против новиот вид коронавирус (COVID-19), a една од нив е и дезинфекција на банкнотите.

Според кинеските медиуми, Централната банка на Кина соопшти дека започнала да ги дезинфицира банкнотите кои во претходниот период биле во оптек.

Дезинфекцијата на банкнотите се врши со ултравиолетови зраци и висока температура, а планот е, користените банкноти да останат во каса од седум до 14 дена, објави Anadolu.

Се наведува дека банките можат по потреба да даваат нови и неискористени пари на клиентите, додека банкнотите кои се во „карантин“ ќе бидат повторно пуштени во оптек по завршување на периодот на набљудување.

Националната здравствена комисија на Кина (NHC) во неделата соопшти дека во изминатите 24 часа починале 142 заразени лица, со што бројот на починати од опасниот вирус во таа земја се зголеми на 1.666.

Досега, потврдена е зараза од вирусот 2019-nCoV кај вкупно 68.500 пациенти, а само во изминатите 24 часа потврдени се 2.009 случаи на болеста која официјално е именувана како COVID-19.

Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година и брзо се прошири во кинескиот град Вухан, а случаи со заразени се потврдени во повеќе од 20 земји ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП