8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија е подготвена за евентуална измена на уредбата за условен увоз на...

Македонија е подготвена за евентуална измена на уредбата за условен увоз на пченица

pchenica

Македонската страна е подготвена за евентуална измена на времената мерка за условен увоз на пченица и брашно по надминување на нарушувањето на пазарот, беше речено на денешниот билатерален состанок на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и министерот за надворешна и внатрешна трговија на Република Србија Расим Љајиќ.

Димовски и Љајиќ во Скопје го потврдија заедничкиот интерес за натамошно продолжување на позитивниот тренд на солидна трговска соработка со земјоделски производи меѓу двете земји. Се договорија за воздржување од воведување дополнителни мерки кои би ја оневозможиле непречената трговска размена со земјоделските производи.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, на состанокот биле разменети информации и аргументи во врска со веќе воведените мерки на заштита на македонскиот пазар со пченица.

Заради следење на состојбите на пазарот договорено е да се одржуваат редовни консулатации на неделно ниво. Двете страни ќе овозможат и дополнителна институционална поддршка на економските субјекти за унапредување на размената преку овозможување директни контакти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП