26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГраѓаните на САД денес ќе потрошат 27 милијарди долари

Граѓаните на САД денес ќе потрошат 27 милијарди долари

Аналитичарите предвидуваат дека граѓаните на САД денес, на Денот на вљубените ќе потрошат околу 27,4 милијарди долари.

Тоа е голем скок од минатата година, кога се потрошени повеќе од 20,7 милијарди долари.

Ова дава ветер во грб за трговците и укажува на зголемување на довербата кај потрошувачите, а тоа се добри вести за економијата.

1948 година

Просечна цена на Денот на вљубените: 8,79 долари по пар
Цена на билети за кино: 36 центи

2018 година

Просечна цена на Денот на вљубените: 70,32 долари по пар
Просечна цена на билети за кино: 9.11 долари

Овој 14 февруари, според прогнозите ќе биде рекорден по потрошувачка. Поточно, Американците во 2018 година потрошиле 19,6 милијарди, во 2017 година 18,2 милијарди долари, а во 2014 година 18,6 милијарди долари.

Кој?

Од минатата година, бројот на луѓе кои го слават празникот се зголеми, па сега изнесува 55 проценти од населението. Рекордот е забележан во 2009 година, кога 63 проценти од граѓаните на САД славеле.

Според извештајот на Националната федерација за малопродажба на САД, 62 проценти од луѓето на возраст од 35 до 44 години на некој начин го одбележуваат овој празник, што е повисок процент од оние во групата од 25-34 години, од кои ќе слават 60 проценти.

Од друга страна, само 46 проценти од постари од 65 години ќе го слават Денот на вљубените.

Колку?

Заљубените, според проценките ќе трошат по рекордни 196 долари по човек, додека во 2019 година таа сума изнесувала 161 долари.

Најмалку потрошиле во 2009 година, „се на се“ 102 долари по човек.

Како и порано, мажите трошат повеќе од жените, 291 према 106 долари.

Што?

Граѓаните на САД во голем број купувале поевтини подароци.

Минатата година, дури 2,4 милијарди дале на слатки, 1,3 на честитки, 2,3 на цвеќиња и 5,8 милијарди на накит.

На излегување на 14 февруари т.е во ресторани, кафулиња и кина потрошиле околу 4,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП