Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,931.87 0.24%    BESK 5,700.00 0%    GRNT 940.00 -1.25%    KMB 5,997.97 -0.02%    MPT 66,000.00 1.54%    RZIN 46.00 -48.89%    SBT 2,600.33 0.01%    TNB 16,500.00 0.92%    TTK 1,282.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

Анализа: Поради нелинеарен раст и развој на туризмот Охрид и државата од осамостојувањето до денес загубиле шест милијарди долари

Време: 15:00

Датум: февруари 14, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Градот Охрид генерално остварува приходи од туризмот како стопанска дејност, но реализираните приходи се далеку помали од можните. Тоа го покажуваат податоците од Анализа на економското влијание на туризмот во Општина Охрид, изготвена од експерти од Факулетот за туризам и угостителство.

На денешната презентација беше појаснето дека во Анализата се направени пресметки на приходи по основ туризам, реализирани приходи од домашни туристи, приходи остварени од странски туристи, учество на приходите генерирани од туризмот во БДП. Изготвена е и меѓусекторска анализа со пресметки за влијанието на секторот, односно колку туризмот генерира дополнителни приходи во останатите гранки на националната економија, како и проценка на јавните давачки што по основ на туристички ноќевања можат да ги прибираат туристичките центри и државата.

Резултатите од анализата покажуваат дека наспроти природен линеарен раст на развој, кај нас туризмот заостанува зад поширокиот регион на јужно средоземие што резултира со остварени приходи далеку помали од посакуваните.

– Нашите проценки се дека во периодот од 2000 до 2017 година по основ туризам се генерирани некаде две милијарди долари приходи, но истовремено се загубени околу три милијарди долари. Тоа е сериозна сума. Ако се земат предвид индиректните ефекти или обртот што може да настане во националната економија, доаѓаме до некаде шест милијарди долари загуба, рече проф. д-р Александар Трајков, продекан на ФТУ и дел од екипата што ја изготвија анализата.

Тој појасни дека загубата е на основ на намален извоз на туристички услуги односно намалување на бројот странски туристи во домашната економија, но нагласи дека во студијата не се анализирани факторите што довеле до таквите загуби туку само економскиот импакт. Како фактори тој посочи безбедносни кризи, политички случувања, надворешни фактори кои конкретно негативно влијаат врз туризмот како стопанска дејност, а генерираат загуби во националната економија.

Проф. д-р Цветко Андреески од своја страна истакна дека изготвената студија методолошки ги опфаќа економските аспекти на развојот на туризмот во Општина Охрид и во комбинација со други анализи и податоци може да се користи во иднина како насока на активностите за унапредување на туризмот како стопанска дејност важна за градот.

– Направена е меѓусекторска анализа за влијанието на туризмот врз различните стопански гранки како транспорт, земјоделство, трговијата, така што тоа ќе биде добра основа за воведување мерки за развој на туризмот, рече тој.

Што се однесува на досегашните мерки за унапредување на дејноста, Андреески рече дека субвенциите за привлекување странски гости даваат резултати, дека од нивното воведување во 2011 година до денес двојно е зголемен бројот ноќевања на странски гости. Смета дека треба да се зголемува бројот авионски летови до Охрид поради високо позитивната корелација на бројот пристигнати патници на охридскиот аеродром со бројот регистрирани туристи, а истовремено укажа и на потребата од ревидирање на политиката на субвенционирање, со слични мерки и за привлекување повеќе домашни туристи.

Професорот Наумче Мариноски нагласи дека туризмот е мошне сложена стопанска дејност, подложна на надворешни влијанија, сектор чии падови и подеми не секогаш се последица на чисто економски фактори.

– Определени случувања, појави, надворешни влијанија, чисто неекономски фактори понекогаш многу влијаат врз туризмот, можат целосно да ги анулираат сите можни емитивни карактеристики на туризмот, рече Мариноски.

Тој посочи дека и многу други ситуации можат да бидат надворешни фактори што негативно се одразуваат врз економскиот импакт од туризмот, како антипромотивни активности поради конкурентност на околните држави, некои навидум маргинални констатации во медиумите како примиерите на објавени написи за загадена вода во езерото, појава на змии во езерото и слично.

За актуелната ситуација со прогласената пандемија на корона-вирусот рече дека рапидно ќе се одрази врз светскиот туризам, но и на туризмот во Охрид кој е дел од комбинираните балкански тури што беа интересни за туристите од Кина.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тотенхем не се откажува од ЛЕ, Кејн влезе во „клубот 200“

    Тотенхем не се откажува од ЛЕ, Кејн влезе во „клубот 200“

    Тотенхем, Манчестер сити победија, а Барнли и Вулверхемптон одиграа нерешено во рамките на 36 коло, во Премиерлигата. Жозе Мурињо со Тотенхем победи во Њукасл благодарение…

  • Пандемијата го сруши македонскиот туризам, во мај само 838 туристи, пад од над 99%

    Пандемијата го сруши македонскиот туризам, во мај само 838 туристи, пад од над 99%

    Милионски евра загуби трпи македонскиот туризам од пандемијата со Ковид-19. Само во мај годинава бројот на туристи и бројот на ноќевања бележи пад од над 99…

  • Најдобрите и најлошите перформанси на металите во 2020-та година

    Најдобрите и најлошите перформанси на металите во 2020-та година

    Секоја година во овој период се објавува презентацијата на металите и суровините за првото полугодие од годината, пишува „OilPrice.com“. Скапоцените метали се голем победник за…

  • Гатузо се откажа од дел од својата плата за Наполи да го купи Осимен

    Гатузо се откажа од дел од својата плата за Наполи да го купи Осимен

    Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, доброволно ќе добива помала плата за да му помогне на клубот да го купи напаѓач Виктор Осимен од Лил, објави…

  • Реал до навивачите: Ако станеме шампиони, останете дома!

    Реал до навивачите: Ако станеме шампиони, останете дома!

    Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ги повика своите навивачи во случај титулата да заврши на „Сантијаго Бернабеу“ да не се собираат на јавни…

  • Милионерите апелираат: „Оданочувајте не повеќе, пред да биде предоцна“

    Милионерите апелираат: „Оданочувајте не повеќе, пред да биде предоцна“

    Некои од најбогатите луѓе во светот побараа нивното богатство да се оданочува повеќе поради последиците од пандемијата на коронавирусот. Меѓу оние што го сторија тоа…

  • На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови за Ковид-19

    На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови за Ковид-19

    Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лажни резултати од тестови за Ковид-19, кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра,…

  • Околу 30.000 работни места во Велика Британија се изложени на ризик

    Околу 30.000 работни места во Велика Британија се изложени на ризик

    Организаторите на настани и изложби во Велика Британија предупредуваа дека околу 30.000 работни места се изложени на ризик заради зголемена неизвесност за тоа кога саемите…

  • Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19, четири смртни случаи и 142 оздравени

    Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19, четири смртни случаи и 142 оздравени

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје…

  • Анкета на НБРМ: Економијата годинава ќе падне 3,2%, инфлацијата на 0,4%

    Анкета на НБРМ: Економијата годинава ќе падне 3,2%, инфлацијата на 0,4%

    Надолна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација во земјава и очекуваниот раст на Бруто домашниот производ, покажува Анкетата на Народната банка направена во јуни.…