19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаправено злато кое личи на пластика

Направено злато кое личи на пластика

Швајцарскиот технички институт ETH Zurich успеа да направи 18-каратно злато, кое е пет до десет пати полесно од постојните легури, а кое изгледа и има својства слични на пластиката.

Научниците соопштиле дека тоа го постигнале со употреба на протеински влакна и пластика на кои подоцна „лепеле“ златни нанокристали.

Материјалот исто така има џебови на воздух, невидливи без микроскоп, поради кој новата легура има густина од 1,7 грама на кубен сантиметар, наместо вообичаените 15 грама на кубен сантиметар.

“Ова злато има материјални својства на пластика. Ако парче падне на тврда површина, звучи како пластика. Но, сјае како злато и може да се полира и да се обликува во саканата форма”, кажал главниот шеф на проектот, професор Рафеле Мекенга.

Мекенга посочува дека пластичното злато ќе биде особено барано во производството на часовници и накит, кои на корисниците веќе нема да им бидат премногу тешки, но исто така е погоден и за хемиска катализа, производство на електроника или заштита од зрачење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП