Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,704.50 7%    BESK 5,643.00 10%    GRNT 790.86 6.03%    KMB 6,027.13 7.4%    MPT 50,496.41 8.52%    MTUR 4,400.00 10%    OKTA 3,000.00 0.99%    STB 885.95 6.61%    TNB 13,878.00 10%    TTK 1,166.00 10%    UNI 1,885.00 5.78%    ZUMS 1,000.00 0%    

АБИТ официјално стана дел од високообразовната групација на германската установа Хајделберг

Време: 13:38

Датум: февруари 14, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Академијата за банкарство и информатичка технологија, АБИТ, од 01.02.2020 година официјално стана дел од групацијата на високообразовната германска установа „Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје“.

Според  четвртата седница на Деканската управа на високообразовната германска установа „Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје“, одржан на ден 22 ноември, 2019 година, во „ФОРУМ Институтот за менаџмент“ од Хајделберг (С. Р. Германија) се донесе стратешки план за кооптација со Управниот Одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ.

Институцијата е регистрирана во 2017 година во Скопје, како приватна научна установа во доминантна сопственост на две германски компании и тоа: ФОРУМ Институт за менаџмент од Хајделберг (FORUM Institute for Management Ltd., Germany) и C&MEA-Controlling & Management Excellence Academy GmbH, од Визбаден, Германија.

На седницата беше потврдено целосното учество на германскиот Институт под водство на проф. д-р Улрих Зеител, кој им големо искуство и придонес во германската економија и политика воопшто, во превземањето на капиталот на АБИТ.

Благодарение на успешноста на македонскиот пазар во изминативе години, проф. д-р Зеител на седницата на Деканската управа, ја потврди одлуката за преземање на АБИТ од страна на неговата филијала во Скопје, во партнерство со проф. д-р Роналд Глеих (Декан на EBS Executive School, како дел од угледниот и високо рангиран во Германија „EBS Универзитет“). Со тоа, АБИТ стана дел од германското семејство за стручно образование во земјите од Западен Балкан.

„ФОРУМ Институтот за менаџмент прави размена на информации меѓу носителите на одлуки во економијата, светот на финансирање и главните креатори на политики. Главно, тоа го постигнуваме преку организирање семинари и конференции за носители на одлуки во различни сектори, при што особено внимание посветуваме на квалитетот на говорниците. Им придаваме еднакво значење на сите организациски детали, за да им обезбедиме на учесниците софистициран амбиент, што е соодветен за дискусија и решавање на главните прашања.

За таа цел, како дел од стратегијата на нашиот Институт во Хајделберг, во 2017 година донесовме одлука да основаме во Скопје, прва во регионот, германска високобразовна установа во доминантна сопственост на две германски компании.

Новоформираниот Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје има за цел да ја направи токму оваа експертиза достапна во странство.

Со оглед на веќе одличниот трансфер на  банкарски знаења во АБИТ, кој сега е кооптиран со нашиот Институт, оваа можност ќе ја прошириме на носителите на одлуки во македонската банкарска индустрија и последователно, на оние во соседните земји. Првенствено, ова ќе биде во контекст на правата од индустриска сопственост, човечките ресурси и сметководство, како и контролингот и даноците.

На долг рок, ова ќе се прошири и на понатамошни прашања поврзани со индустријата, како што се оние во фармацевтската индустрија.

„Моето големо професионално искуство ми покажа дека една компанија може да работи успешно во понатамошното образование, ако нејзините креативни умови темелно ги разбираат економските проблеми на компанијата и ги планираат своите производи со своја експертиза и свое разбирање. Токму тука, во Институтот во Скопје, моето надворешно искуство и асистенцијата можат да помогнат многу на почетокот – искуство што го стекнав во текот на мојот мандат како управен директор на ФОРУМ Институтот за менаџмент.“ – изјави Проф. д-р Улрих Зеител, директор на ФОРУМ Институт за менаџмент од Хајделберг (С.Р. Германија) и претседател на деканска управа во Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје

Тој e ко-основач на „ФОРУМ институтот за менаџмент“ во 1979 година во Хајделберг, кој што во Германија важи за еден од најдобрите помагатели на стручно образование, со преку 100 вработени, 15 милиони евра приходи годишно и повеќе од 4.500 настани во годината.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Корона го “закопа”  глобалниот туризам

    Корона го “закопа” глобалниот туризам

    Поради пандемијата на коронавирус, бројот на туристички патувања во светот ќе се намали за најмалку 20 до 30 проценти, во однос на рекордната 2019 година.…

  • Кинеската индустрија повторно на нозе – скоро 99 проценти од претпријатија работат

    Кинеската индустрија повторно на нозе – скоро 99 проценти од претпријатија работат

    Во Кина, најмалку 98,6 проценти од големите индустриски претпријатија кои поради коронавирусот мораа да го прекинат производството, повторно пoчнаа да работат. Според Министерството за индустрија…

  • 44 новозаразени од коронавирус, двајца починати, вкупно 329 заболени

    44 новозаразени од коронавирус, двајца починати, вкупно 329 заболени

    Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од…

  • Кога ќе порасне побарувачката за нафта?

    Кога ќе порасне побарувачката за нафта?

    Зголемување на побарувачката за нафта може да се очекува уште кон крајот на април, кога дел од ограничувањето поради коронавирусот ќе биде укинато. Сепак, не…

  • Становите поевтиниле за 4,3 отсто во втората половина од минатата година

    Становите поевтиниле за 4,3 отсто во втората половина од минатата година

    Просечната цена на квадратен метар станбена површина поевтинела за 4,3 отсто во втората половина од минатата година во однос на првата половина, при што во…

  • Јужна Кореја на граѓаните ќе им исплаќа помош, но не и на најбогатите

    Јужна Кореја на граѓаните ќе им исплаќа помош, но не и на најбогатите

    Јужна Кореја на своите граѓани ќе им обезбеди финансиска помош со итни готовински исплати, објави Reuters. Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин изјавил дека државата ќе…

  • Последна порака на принцот Хари и Меган како членови ка кралското семејство

    Последна порака на принцот Хари и Меган како членови ка кралското семејство

    Принцот Хари и неговата сопруга Меган ја објавија својата последна порака како членови на британското кралско семејство, а својата кариера ја продолжуваат без титулите „ваше…

  • Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

    Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

    Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата со коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според проценката на Федералните резерви. Според…

  • Трамп и Путин разговарале по телефон

    Трамп и Путин разговарале по телефон

    Претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин за време на телефонскиот разговор оцениле дека е важно да се стабилизираат глобалните пазари…

  • Светската банка ги повикува Г20 да не воведуваат ограничувања на извозот

    Светската банка ги повикува Г20 да не воведуваат ограничувања на извозот

    Светската банка ги повикува земјите членки на Групата 20 да не воведуваат нови ограничувања на извозот на медицински средства, храна и производи клучни за борбата…