23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците ги протеруваат електричните тротинети од улиците?

Германците ги протеруваат електричните тротинети од улиците?

Германија од оваа година би можела да биде уште една во низата европски земји кои ја ограничуваат употребата на електрични тротинети.

Ако Бундестатот, горниот дом на германскиот парламент, усвои измени во Законот за транспорт, електричните тротинети би можеле да бидат протерани од улиците од 1 јуни.

Предложените амандмани ќе им дадат на германските градови дискреционо право да одлучат дали да се ограничи или целосно да се забрани употребата на ова попопуларно алтернативно транспортно средство.

Меѓутоа, компаниите кои се занимаваат со изнајмување десетици илјади транспортни микросредства се плашат затоа дека таквата промена во законот потенцијално би можела да го загрози нивното работење.

Во овие лесни електрични возила многумина гледаат ефтин превоз кој не ја загадува животната средина, додека за други тие се „искушение“, поради распространетиот вандализам и хаотичното возење, како и поради неколкуте сериозни сообраќајни несреќи во Минхен.

Со донесување на ваква одлука, Германија не би била сама во своите намери. Париз, Брисел и Милано веќе усвоија регулативи со кои се ограничува користењето на овие превозни средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП