Големото намалување на буџетот на американската администрација му зададе тежок удар на Пентагон. Тоа резултираше со испраќање на скоро 650.000 цивилни работници на неплатен одмор.
Цивилите кои се вработени во Министерството за одбрана на САД ќе мораат да „одмараат“ 11 дена до крајот на оваа фискална година.
Неплатениот одмор ги намалува нивните плати за 20 проценти во време кога американската економија се подобрува.
Намалувањето на платите најмногу ќе ги погоди Вашинготн, Калифорнија и Тексас во кои има големо воено присуство.
Министерот за одбрана Чак Хејгел објави во мај дека ќе дојде до неплатени одмори поради намалувањето на буџетот на Пентагон.