26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот ја надмина цената од 10.000 долари

Биткоинот ја надмина цената од 10.000 долари

Вредноста на биткоинот во средата го достигна највисокото ниво оваа година, а вооедно и во последните пет месеци.

Во утринските часови, цената на биткоинот достигна 10.489,78 долари, што е највисоко ниво од септември, покажуваат податоците на CoinDesk.

Само од почетокот на оваа година, најпопуларната криптовалута ја зголеми својата вредност за 44 проценти.

Со тоа и во февруари го продолжи трендот на раст на вредноста на биткоинот откако јануари беше најдобар во последните седум години за таа дигитална валута.

Причините за неодамнешниот раст на биткоинот се неколку, тврдат странски аналитичари.

Со приближување на преполовување на износот на биткоинот кој може да се добие со рударење, а што ќе се случи во мај, епидемијата на коронавирусот предизвикува побарувачка за „побезбедни средства“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП