21 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИMercedes нема да се продава во Франција!

Mercedes нема да се продава во Франција!

mercedes_logo_0_0_468X10000

Последните модели на германскиот производител на автомобили „Mercedes“ неможе да се продаваат на територијата на Франција. Причината за тоа е системот за ладење во кој имаат ставено средство за кое ЕУ наведува дека емитира претерана количина на штетни плинови и тоа треба да биде заменето.

„Само новите автомобили се предмет на оваа мерка“, стои во соопштението од компанијата.

Од 1-ви јануари оваа година според регулативите на ЕУ производителите на автомобили мораат да користат многу почисто средство за ладење – „R1234if“, кое  предизвикува помалку загадување.

Меѓутоа германскиот гигант и натаму се држи до старата течност „R134a“ и тврди дека истражувањата покажале дека новиот плин може полесно да се запали и дека возилата се во поголем ризик да експлодираат во случај на незгода.

Од „Mercedes“ нагласуваат дека ќе продолжат да го користат стариот производ и се надеваат дека во наредните години на пазарот ќе биде достапна посигурна верзија.

Освен Франција ниту една друга земја не е против употребата на старото средство во возилата на германскиот производител, меѓутоа Европската комисија му се закани на „Mercedes“ со сериозни санкции поради употребата на забранетото средство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар