13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција сака 5G мрежа заснована на домашната технологија

Турција сака 5G мрежа заснована на домашната технологија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата мора да развие локална 5G технологија за да започне со користење на бежична мрежа од најновата генерација, пренесува Telecompaper.

Ердоган за време на настан кој го организирала турското регулаторно тело за информатички и комуникациски технологии, истакнал дека во земјата во моментов има околу 190.000 базни станици, од кои само 1.000 се изградени во рамките на проектот ULAK.

ULAK е имплементирана од турски телекомуникациски конзорциуми, а целта на тој проект е да се намали зависноста од странска IKT опрема преку создавање на домашен софтвер и технички компоненти за 4.5G протокол.

Турскиот претседател изјавил дека постојат уште 3.400 нарачки за базните станици на ULAK, дека е неопходно посилно да се поддржи развојот на локалната опрема, поради тоа ги повикал сите мобилни оператори да започнат со употреба на ULAK.

Исто така додал и дека кон крајот на 2020 година ќе биде претставен Turksat 5A сателитот, кој ќе биде лансиран во орбитата во 2021 година, како и дека лансирањето на Turksat 6A, првиот сателит кој целосно е создаден во Турција, ќе биде испратен во вселената една година после тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП