26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСеверен Кипар го претставува својот прв автомобил

Северен Кипар го претставува својот прв автомобил

Северен Кипар се подготвува да и претстави на јавноста прототип на првиот модел на првиот домашен автомобил. Прототипот е резултат на долгогодишна работа на Near East University и неговите тимови за истражување и развој.

Производството на прототипот е договорено откако автомобилот за прв пат бил претставен во 2016 година, а првиот модел – Б9, за прв пат ќе биде претставен во јавноста за неколку дена.

Гуншел стигна до степенот на производство по 1,2 милиони часови работа, а во процесот на креирање учествувале 109 инженери, формирани во тимови на кампусот на Универзитетот.

Автомобилот ќе користи технологии на електричен погон,а целта е за 8 секунди да постигне забрзување од 0 до 100 километри. Ќе има електричен мотор од 120 киловат часови (kW) еквивалентен мотор од 160 коњски сили, јавуваат турските медиуми.

Сериско производство

Во процесот на производство ќе бидат вклучени 800 компании од 28 земји а ќе вклучат 10.000 компоненти.

Сериското производство ќе започне во 2021 година, а намерата е во првата фаза да бидат произведени 2.000 автомобили. Капацитетот од 2025 година ќе се зголеми на 20.000 возила годишно.

Професорот Ирфан Суат Гунсел од Near East University, кој го водел процесот на истражување и развој, вели дека проектот ќе даде значаен придонес во националната економија и вработувањето, откако ќе започне сериското производство.

Инаку, планот за производство на автомобили на Near East University постои веќе педесет години а сега конечно дојде до негова реализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП