4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе повеќе злоупотреби на криптовалути: Загубите скокнаа 160 проценти

Се повеќе злоупотреби на криптовалути: Загубите скокнаа 160 проценти

Загубите предизвикани од злоупотреба на криптовалути, скокнаа на 4,52 милијарди долари минатата година, бидејќи се зголемија кражбите на тој пазар.

Од друга страна, загубите од хакерски напади се намалени, се вели во извештајот на форензичката компанија за блокчеин Zipper Trade, во кој имала увид агенцијата Reuters.

Минатогодишните загуби скокнале за скоро 160 проценти во однос на 2018 година кога вкупно изнесувале 1,74 милијарди долари.

Загубите на корисниците и инвеститорите во криптовалути поради измами и проневери пораснаа минатата година повеќе од трипати, додека кражбите преку хакирање паднале 66 проценти, се вели во извештајот.

Две големи загуби на почетокот од минатата година беа главните двигатели на така висок скок, наведува Zipper Trade.

Корисниците и купувачите на криптовалути изгубиле приближно три милијарди долари во т.н. шема Понзи, која подразбира криптоновчаник и размена на плус токени.

Втората голема загуба изнесувала скоро 135 милиони долари кои клиентите ги изгубиле на канадската криптоберза QuadrigaCX по ненадејната смрт на нејзиниот ко-основач, се додава во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП