20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВкупно 61 ресторан во земјава имаат ѕвездички, само 10 се со најмногу...

Вкупно 61 ресторан во земјава имаат ѕвездички, само 10 се со најмногу 4 ѕвезди

Вкупнои 61 ресторан во земјава ја поминале категоризацијата од Министерството за економија, од нив само 10 имаат најмногу 4 ѕвездички – покажуваат податоците од Категоризацијата на рестораните во земјава која ресорот економија го правел лани.

Иако правилникот не предвидува многу строги критериуми кои треба да ги исполнат рестораните за да добијат повеќе ѕвезди сепак највисоко ниво – 4 ѕвезди добиле само десет објекти од кои дури 7 се во Скопје.

Податоците покажуваат дека само еден ресторан во туристичкиот бисер Охрид е со 4 ѕвезди, а тоа е „Лихнидос“. А највисоко ниво достигнале само уште два ресторани низ земјава, од кои едниот во Дихово во Битола, а другиот во Ресен. Еве ја листата на категоризирани ресторани со 4 ѕвездички:

1.Пелистер- Скопје

2.Лихнидос- Охрид

3.Воденица Мулино

4.Елит Плаза Бизнис Центар- Скопје

5.Оливес – Скопје

6.Актива – Скопје

7.Еквилибриум – Скопје

8.Гламур – Дихово, Битола

9.Бела Виста – Скопје

10.Две Лири – Ресен

Извор: Министерство за економија

На листата најолем дел од категоризираните ресторани во земјава се со 3 ѕвездички, односно такви има дури 35. Потоа 12 ресторани се со две ѕвезди и 4 со само 1 ѕвезда, покажува Категоризацијата на Министерството за економија.

Правилникот пак според кој се категоризираат објектите покажува што се треба да има ресторанот за да „заслужи“ најмногу 4 ѕвезди.

Покрај посебен влез во објектот за гости и персонал, треба да има температура од 22 степени целзиусови, за разлика од рестораните со 3 ѕвезди кои треба да одржуваат 20 степени, а тие со пониски категории 19 степени целзиусови.

Ако садовите за послужување, приборот и чашите кај тие со 1 и 2 ѕвезди се со стандарден квалитет, кај тие со три ѕвезди мора да се со висок, а кај рестораните со 4 ѕвезди со врвен квалитет.

Послужувањето пак на јадење и пијалоци за време на главните оброци, ручекот и вечерата кај тие со 4 ѕвезди мора да биде три часа за секој оброк, мора да имаат две мениа, и 15 јадења „А ла Карт“. А на листата на пијалоци рестораните со 4 ѕвезди треба во секој момент да имаат на залиха 20 видови на вина од врвен квалитет, од кои најмалку 10 треба да се меѓународно признати вина.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП