3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија предупредува: Царините со ЕУ се неизбежни

Британија предупредува: Царините со ЕУ се неизбежни

Британската влада вчера ги предупреди компаниите кои извезуваат во ЕУ дека треба да се подготват, велејќи дека е „неизбежно“ враќањето на царинските контроли на границите.

Лондон планира повторно да воведе контроли за увоз на стока со потекло од ЕУ на границите по преодниот рок кој завршува на 31 декември, се вели во соопштението на британската влада.

Велика Британија од 2021 година ќе биде „надвор од единствениот пазар и царинската унија и треба да биде подготвена за царинските процедури и контроли кои неизбежно следат“, изјави Мајкл Гоув, еден од министрите во владата на премиерот, Борис Џонсон.

Британија се обврза дека ќе ги примени правилата на Унијата во текот на преодниот рок од 11 месеци до крајот на годината по официјалното излегување од ЕУ на 31 јануари. Во тој период, двете страни треба да постигнат договор за идните односи, особено трговските.

Увозот и извозот од ЕУ нема да имаат повластен третман, туку ќе бидат потврдени со истите контроли како за стока од остатокот на светот, додаде Гоув. Тој додаде дека ЕУ исто така врши контрола на стоки кои влегуваат на нејзината територија.

Во најголем дел, економистите предвидуваат многу негативно влијание на британската економска активност, ако излезот од ЕУ не заврши со задоволителен договор за слободна трговија, и да биде де факто, таканаречен тврд Брегзит, без договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП