25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на смартфони поради коронавирусот ќе падне на петгодишен минимум

Производството на смартфони поради коронавирусот ќе падне на петгодишен минимум

Глобалното производство на паметни телефони ќе падне 12 проценти во првите три месеци од 2020 година поради коронавирусот, проценува TrendForce.

Според проценките на таа компанија за истражување на пазарот – производството ќе падне на најниско ниво во последните пет години.

Во соопштението на таа компанија со седиште во Тајпеј, се наведува дека TrendForce ја намалил прогнозата за светското производство на смартфони и предвидува дека најголемо влијание на забавување на тој пазар ќе има Huawei, Apple и други производители, објави Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП