18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите се враќаат на работа: Многумина сепак ќе работат од дома

Кинезите се враќаат на работа: Многумина сепак ќе работат од дома

Милиони Кинези се враќаат на работа бидејќи овогодинешниот празник на Кинеската Нова Година се претвори во продолжен карантин поради појавата на коронавирусот.

Меѓутоа, многумина ќе работат од дома.

Во многу градови на сила се строги упатства за карантин, а повеќето фирми бараат од вработените да работат од далечина за да ги намалат шансите за пренесување на вирусот, пренесува CNN.

Поради коронавирусот трпат многу компании, не само во Кина, туку и во целиот свет.

Трошоците се веќе видливи, а меѓу првите последици ќе почувствува и автомобилската индустрија, бидејќи Кина е најголем снабдувач на делови за фабрики за автомобили во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП