27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСрушен рекорд: Носен од бурата авион летал побрзо од звукот (фото)

Срушен рекорд: Носен од бурата авион летал побрзо од звукот (фото)

Авион на British Airways прелетал во неделата од Њујорк до Лондон 80 минути пред предвиденото време на пристигнување, а експертите сметаат дека го срушил рекордот на летање.

Boeing 747-436 достигнал брзина од дури 1.327 километри на час благодарение на воздушната струја забрзана од невремето “Кира”.

Според Flightradar24, овој лет во траење од четири часа и 56 минути, го срушил претходниот рекорд кој го држела авиокомпанијата Norwegian, а изнесувал пет часа и 13 минути.

Летал побрзо од звукот благодарение на воздухот

Поранешниот пилот на British Airways, Аластер Росеншин, коментирал за BBC дека авионот достигнал „феноменална брзина“.

Тој претпоставува дека пилотот го поставил авионот среде воздушна струја која во овој период од годината е многу моќна. Летајќи во таква струја, патниците во авионот можат да чувствуваат прилично жестоки турбуленции, но патувањето може да помине и непречено.

BBC објави дека воздушната струја во неделата наутро достигнала брзина од 418 км на час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП