24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралската двојка на вечера со популарната пејачка: „Таа ги покани дома“(фото)

Кралската двојка на вечера со популарната пејачка: „Таа ги покани дома“(фото)

Меган Маркл и принцот Хари во Мајами вечерале со пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот партнер Алекс Родригез. „Њујорк пост“ пишува дека на вечерата паровите се запознале по говорот на Хари на „Самитот на милијардерите“ кој се одржал во истиот град.

“Хари и Меган супер се сложувале со Џенифер и Алекс. Џеј Ло дури и ја поканила кралската двојка да дојде со нив за нивниот син Арчи да се дружи со нејзините деца”, изјавил за медиумите маж кој бил во истиот ресторан и слушнал случајно за што зборуваат.

50-годишната пејачка, која неодамна се појави со брилијантен настап на полувремето на „Супер Боул“, нејзиниот партнер и кралската двојка на вечера се нашле во ресторанот “Хабитат”, во “1 Hotel South Beach”.

Според еден ПР експерт кој е добар пријател со фамилијата Кардашијан, Меган оваа година може да заработи над 100 милиони долари. Двојката, наводно била поканета да бидат презентери на доделувањето на Оскари, но им се заблагодариле и ја одбиле честа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП